Британската компанија "Џонсон Мети" започна со пробно производство во вториот погон во фабриката во Бунарџик. Инвеститорот, кој минатиот јуни најави втора инвестиција во Македонија со проширување на производството со две производствени линии, за една година заврши со изградба на фабриката и веќе неколку недели произведува катализатори за автомобилската индустрија. Вториот погон на "Џонсон Мети" во индустриската зона е целосно изграден и опремен и монтирани се сите потребни машини за производство. Британскиот инвеститор веќе неколку недели има пробно производство во втората фабрика во технолошко-индустриската зона во Бунарџик, а официјалниот старт на производството е најавен за септември, кога инвеститорот ќе ги заврши сите потребни подготовки во новиот погон.
Британската компанија "Џонсон Мети" започна со пробно производство во вториот погон во фабриката во Бунарџик.
Инвеститорот, кој минатиот јуни најави втора инвестиција во Македонија со проширување на производството со две производствени линии, за една година заврши со изградба на фабриката и веќе неколку недели произведува катализатори за автомобилската индустрија.
- Вториот погон на "Џонсон Мети" во индустриската зона е целосно изграден и опремен и монтирани се сите потребни машини за производство. Британскиот инвеститор веќе неколку недели има пробно производство во втората фабрика во технолошко-индустриската зона во Бунарџик, а официјалниот старт на производството е најавен за септември, кога инвеститорот ќе ги заврши сите потребни подготовки во новиот погон, изјави за Вечер Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони.
На поставувањето на камен-темелникот минатата година генералниот директор на фабриката на "Џонсон Мети" во Македонија Џатин Такрар изјави дека планот на инвеститорот за проширување на производствените капацитети во Македонија е изградбата на втората фабрика да биде завршена до јуни следната година, додека пак, со производство од овој погон, ако се оди според предвидената динамика, би требало да започнат во септември 2013 година.
Според планот на почетокот во новиот производствен капацитет, кој ќе има две производствени линии, ќе почнат да произведуваат само на едната, а шест месеци подоцна да стартуваат и со производство на втората производствена линија, со што двојно ќе се зголемат производствените капацитети на "Џонсон Мети" во Македонија.
Вкупната инвестиција на британскиот инвеститор во вториот производствен погон изнесува 60 милиони евра, а според најавите предвидено е да бидат отворени 100 нови работни места. Со реализација на оваа инвестиција вкупните вложувања на "Џонсон Мети" во Македонија ќе достигнат околу 120 милиони евра.
"Џонсон Мети" започна со производство во Македонија на почетокот на 2010 година. Во моментов во фабриката работат 400 вработени, а дневно се произведуваат околу 40.000 катализатори. Компанијата е најголем извозник од Македонија. 2011 година "Џонсон Мети" ја заврши со вкупни приходи од 400 милиони евра, со што е трета најголема компанија во Македонија и со нето-добивка пред оданочување од 19,8 милиони евра, според што е деветта најпрофитабилна компанија во Македонија.